„Новости“: Србија во октомври ќе добие датум за преговори

 

Весникот „Вечерње новости“ пишува дека во октомври Србија конечно ќе добие датум за почеток на преговори.

Лидерите на државите од ЕУ на крајот на јуни на Европската комисија ќе и наложат да ја разработи платформата за приклучување на Србија, а датумот за официјален почеток на преговорите треба да биде определен во октомври, кога ќе биде подготвен новиот извештај на Штефан Филе за напредокот на земјата, пишува весникот „Вечерње новости“.

Весникот пишува и дека одлуката на Европскиот совет на 28 јуни најверојатно ќе содржи и клаузула дека датумот на официјалниот почеток на преговорите може да се одложи, доколку се процени дека спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина не оди со очекуваното темпо.

 

најчитано сега