Србија: Владата носи одлука - пензиите и платите се намалуваат

Владата на Србија треба во следните седум дена да донесе решение за тоа колку ќе бидат намалени платите во јавниот сектор и пензиите, со цел да се намали буџетскиот дефицит и да се стабилизираат јавните финансии, изјави српскиот вицепремиер Зорана Михајловиќ.

- Не е важно кој ден ќе биде донесена одлуката. Важно е тоа да се направи квалитетно и да се дефинираат приоритетите во Владата, министерствата и државните претпријатија, истакна Михајловиќ.

Таа нагласи дека „при подготовките на мерките, кои ќе овозможат намалување на буџетскиот дефицит, е потребно да се одвои важното од помалку важното, за што Владата ќе донесе одлука во следните седум дена“.

Според неа, до крајот на неделава ќе биде познат економскиот план во државните претпријатија, кои треба да имаат јасно определени проекти и да го реализираат само она што се наоѓа на списокот на приоритети, а останатото ќе мора да почека.

 

 

16.09.2014 - 14:20


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега