Се подобрува состојбата со поплавите во Чешка
Состојбата со поплавите во Чешка, во регионот централна Бохемија се подобрува. Интензитетот на дождовите се намалува, а водостоите на реките не се зголемуваат, јави дописникот на МИА од Прага.
Опасност од надоаѓање на големите води се уште постои во северниот и северозападниот дел на Чешка, особено во местата Мелник и Усти над Лаба каде нивото на реката Елба е на критично ниво.
Околу 1.500 жители во овој регион веќе се евакуирани.
Од денеска веќе е најавено отворање на неколку подземни метро станици во центарот на метрополата, а целосно нормализирање на сообраќајот се очекува во петок.
Поради поплавите од поројните дождови, во изминатите три дена во земјата од своите домови се евакуирани над 9.000 луѓе, седум лица загинаа, а четири се сметаат за исчезнати.
Се проценува дека се причинети штети од неколку милиони евра.