Отворена македонска библиотека во Виена

Македонската културна заедница  и Македонската православната црковна општина „Св. Наум Охридски“ отворија библиотека во Виена во која може да се најдат книги од македонски автори преведени на англиски и германски јазик.

Библиотеката располага и со книги на македонски јазик, како и дела од автори кои творат на јазиците од останатите етнички заедници во Македонија. Засега во библиотеката има околу 300 книги, но целта е фондот постојано да се зголемува.

Меѓу книгите се наоѓа и делото „Мојата татковина Македонија“, наменето за децата на иселениците, која содржи куса историја и карактеристики на Македонија.

Во чест на петгодишниот јубилеј на Македонска културна заедница, 23 години од Македонско православна црковна општина Св. Наум Охридски Виена, како 20-годишната од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Македонија и Австрија, македонскиот амбасадор Ѓорѓи Филипов предаде околу 200 книги на анлгиски, македонски и на германски јазик. 

15.09.2014 - 13:34


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега