ФОТО: Нетрпеливост меѓу семејства дури и на спомен-плочите на нивните трагично починати деца

Четири години откако на паркинг во Приједор Босна и Херцеговина , 28- годишниот Стојан Милетиќ со бомба се разнесе себе си и девојката, 18- годишната Драгана Гајиќ, нетрпеливоста меѓу двете семејства продолжува и преку натписите на спомен плочите, поставени на трагичното место.

На едната, која и е посветена на Драгана, по прашањето „Зошто душманот те уништи како капка роса, ти, најсјајна меѓу ѕвездите“ се констатира: „Овде беше насилно одземен живот“.

Од друга страна, од семејството на Стојан, на неговата спомен плоча напишале: „Брате и сине, трагично почина поради забранетата љубов од нејзиниот татко, што Драгана животот го даде“.

Мештаните од местот Приједор се шокирани од ваквото однесување на двете семејства.

За потсетување, причина за убиството и самоубиството била недоволената љубов.

15.09.2014 - 10:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега