Студентите ја започнуваат нoвата академска година
За студентите на државните универзитети денеска почнува новата учебна 2014/2015 година. Првиот академски час свечено ќе биде одбележан на факултетите, а на некои и во присуство на претставници на Владата.
На петте јавни универзитети, во Скопје, Битола, Тетово, Штип и Охрид, оваа година беа слободни 24.121 места за нови студенти, од кои 10.048 на Универзитетот во Скопје. На Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола (УКЛО) имаше 3.595, на Државниот универзитет во Тетово (ДУТ), 5.310 места, на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (УГД) 4.728 места, а на Универзитетот за информатички науки и технологија „Св. Апостол Павле“ во Охрид 440 слободни места.
За упис во прва година на државните универзитети имаше два рока - во август и во септември. Факултетите на УКИМ на кои се уште има места ќе запишуваат студенти и утре.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа