Драма во Црна Гора: Туристи едвај спасиле жива глава

Спасувачката служба на Црна Гора утринава извлекла 19 српски туристи од кањонот Невидио. 

Туристите одлучиле да го посетат кањонот без придружба на стручно лице, и покрај тоа што времето било многу лошо.

Акцијата за спасување траела шест часа, а туристите биле извлечени во три часот утрово. 

Членовите на спасувачката служба за да ги спасат туристите биле принудени со јаже да се спуштат во кањонот, а туристите пред да бидат спасени 12 часа поминале во ладната вода.

Турстите во кањонот Невидио се заглавиле околу 9:00 часот наутро, а полицијата била известена околу 21 часот.

За среќа, никој од туристите не е повреден, освен што биле премрзнати поради исклучително ниските температури на водата во кањонот.

14.09.2014 - 11:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега