Трагедија: Камион удрил во детска количка и усмртил 1 годишно дете во Бугарија

Крвава трагедија се случила на петот Мало Трново – Бургас утрово во Бугарија. Автомобил излетал од патот во близина на селото Крушовец и удрил во детска количка на тротоарот. Едно годишното бебе кое било во количката загинало на лице место.
 
Како што пренесува бугарскиот портал Днес.бг возачот со автомобилот се качил на тротоарот и ја удрил мајката која со количка го шетала нејзиното едно годишно бебе. Од ударот жената паднала, а количката се превртела. Сеуште нема информација за здравствената состојба на мајката.
- Возачот возел со преголема брзина при што не можел да сврти на кривината, пред која имало и пешачки премин, при што со автомобилот се качил на тротоарот и ги удрил мајката и детето, изјавиле од полицијата.
Истрагата е во тек, а според првичните информации возачот најверојатно бил пијан.
12.09.2014 - 22:33


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега