"Имаше крв на сите страни" - пензионер си ја убил сопругата па сам си пресудил

Седумдесет и девет годишен пензиониран лимар Јане Патоќ од Сента, ја избодел со нож својата сопруга 59-годишната Илона по што се обесил.

Пред убиството биле во брак скоро четири децении. Иако мотивот за убиството не е познат, се претпоставува дека сопругот се сомневал дека жената го изневерува.

Телото го пронашла пријателка на Илона во средата навечер откако пријателката не и се јавила неколку дена.

- Крвавото тело на Илона со повеќе убодни рани го пронајдовме во спалната соба. Покрај креветот имаше неколку крвави ножеви. Обесеното телото на сопругот го најдовме во дворот над неговата работилница, рекле за српски Курир од полицијата.

12.09.2014 - 15:44
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега