Нема повеќе исклучување за две неплатени сметки

Од сега граѓаните нема да бидат исклучени за неплатена сметка за струја, парно, кабловска или телефон без нивно знаење и без решение. Ова се предвидува во новиот закон за општа управна постапка за кој вчера се одржа јавна расправа. Професорот од Правниот факултет Борче Давитковски оцени дека со ова законско решение се нуди поголема заштита на правата на корисниците.

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски се надева дека новиот закон ќе ја подобри работата на администрацијата, а граѓаните ќе бидат позадоволни од услугите.

12.09.2014 - 10:42
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега