Затрелан и вториот волк кој побегна од зоолошката во Битола

И вториот волк кој денеска побегна од зоолошката градина во Битола е застрелан, потврди доцна вечерва за Тера Телевизија директорот на градината. „ Волкот дефинитивно е ликвидиран, се вратил во живеалиштетот, но повторно се обидел да бега па мораше да го застрелаат“ рече Нешовски. Првиот како што попладнево објавивме беше застралан во обидот да избега од живеалиштето, каде што биле сместени вкупно четири волци. Двата кои не побегнале, ги префрлиле во кафез заради безбедност. 

11.09.2014 - 22:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега