Не гледајте во „панталоните”, гледајте во неговите прсти

До сега само се погодуваше дали кај мажите со подолги прсти е „се`” подолго и поголемо. Науката даде одговор.

 

„Колку што е прстот до малиот прст од десната рака подолг во однос на показалецот, толку се поголеми тестисите, а со самото тоа и поефикасни кога станува збор за плодноста“, велат јужнокорејски уролози.

Нивното истражување опфати 172 мажи од старост помеѓу 20 и 69 години, а се покажа дека тестисите имаат, во просек, од три до четири центиметри во должина, од два до два и пол центиметри во ширина, а тешки се измеѓу 20 и 25 грама.

Со претходни истражувања се потврди дека поголемите тестиси содржат повеќе Сертолиеви ќелии, кои обезбедуваат производство на сперматозоиди, што е многу важно за плодноста на мажот. Јужнокорејските научници истакнуваат и дека староста и височината на мажот немаат никаква врска со големината на неговите тестиси, како ни тежината.

Значи, драги дами, сега знаете во што треба да гледате кога барате партнер. Во чевлите ако сакате момче со стил, рачниот часовник ако сакате „богаташ“, а во прстите од раката ако сакате...бебе.

Извор: Toчка

11.09.2014 - 13:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега