„Натусана Македонија“ со донација за детскиот центар за деца со аутизам

Дневниот центар за деца со аутизам во Скопје ќе добие донација од компанијата „Натусана Македонија“ која по повод 10-годишниот јубилеј започнува кампања под мотото „За хуманоста да стане навика“.

Во рамки на тримесечната кампања, компанијата ќе донира сопствени средства за доопремување на Дневниот центар во кој се згрижени деца со аутизам, а ќе одвојува и процент од продажбата на брендовите „Мултивитамол“ витамините и „Лакалут“ детската линија за орална хигиена.

- По повод јубилејот се одлучивме да бидеме општествено одговорни и да ја поттикнеме хуманoста за луѓето на кои им е најпотребна, истакна генералниот менаџер на компанијата Александар Донев.

Од Дневниот центар за деца со аутизам изразија задоволство од донацијата, која, како што посочија, им е повеќе од потребна.

Донацијата, како што истакна раководителката Тања Мисовска - Стојковска, ќе бидe наменетa за доопремување на собата за сензорна интеграција.

Хуманитарната акција ќе заврши на 20 ноември по повод Интернационалниот ден на детето.

Дневниот центар за деца со аутизам е формиран на 2 април годинава и во него престојуваат 10 деца во текот на целиот ден. За нив се грижат логопед, психолог, дефектолог и негувател.

Статистиката покажува дека на секое 60-то новородено дете, едно е потенцијалнo или заболено од аутизам

11.09.2014 - 12:27
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега