Жените не сакаат згоден маж во кревет- еве зошто

 

Можеби е малку чудно, но според најновото истражување 75% од жените не сакаат во кревет совршено граден маж.

Ова е дефинитивно добра вест за мажите. Доколку мислевте дека жените преферираат мускули и затегнато тело, тогаш се лажете. Повеќе од половина жени не сакаат совршено граден маж крај себе, а сексуалната терапевтка Трејси Кокс објаснува и зошто е тоа така.

„Се прашувате зошто жените денес попрво бираат салце отколку стомачни мускули? За жал, тоа е така затоа што и самите се несигурни во својот изглед. Жените се убедени дека не можат да ги исполнат очекувањата на совршените мажи“, вели Трејси.

Резултатите од истражувањето покажаа дека дури три од четири Британки, попрво би биле во врска со маж кој има стомаче, отколку со маж кој има затегнато тело. 

Одговорот е дека дури 75% од жените би се чувствувале несигурни во себе доколку би требало да се соблечат пред совршен маж. Жените веќе се изложени на одреден притисок од предрасудите за тоа како би требало да изгледаат и колку килограми треба да имаат. Мускулестиот маж во нив предизвикува само поголема несигурност.

11.09.2014 - 10:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега