Приведена жената која лажно пријави бомба во Министерството за економија

 

Полицијата ја откри девојката која лажно пријави дека е поставена бомба во Министерството за економија, пренесува Дневник.

Лажната бомба ја пријавила 31-годишната Ј.И. од Скопје, која била изреволтирана бидејќи неколку дена се обидувала а неможела да влезе во Министерството, па се решила да се јави од телефонот на мајка си и да пријави дека во Министерството има бомба.

Полицијата против Ј.И. ќе поднесе кривична пријава за лажно пријавување, а на неа и закануваат од три месеци до три години казна затвор. 

најчитано сега