Научниците докажаа: Животот по смртта е реалност

Група германски психолози, доктори и научници во Берлин го докажаа постоењето на живот после смртта објавуваат странските медиуми.

 

Изминатите четири години 944 волонтери биле воведувани со помош на лекови во состојба на клиничка смрт во која биле 20 минути.

Потоа со комбинација на други лекови ги оживувале, а потоа ги бележеле нивните сеќавања. Лековите, како што тврдат, требало да осигураат дека луѓето ќе ја поминат состојбата на клиничка смрт и оживување без последици.

Д-р Бертхолд Акерман, тврди дека поголемиот број на испитаници проживеале слични искуства – чувство на одвојување од телото, смиреност, удобност, средба со светлина.

 

Според овие истражувања тој заклучил дека постои живот после смртта. 

10.09.2014 - 10:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега