Црна ружа, Сатански војводи: Опасни секти заведуваат деца во Македонија

 

Црна ружа, Црни шкорпиони, Сатански војводи, Сатански витези се само неколку имиња од 20-те најмасовни секти во светот, а во регионов се присутни најмалку 15. Преку Фејсбук, Твитер и други социјални мрежи, како и со бесплатни курсеви за странски јазици, патувања во странство и акции кои, наводно, се со хуманитарна цел се врбуваат младинци од 12 до 20 години. Ова неодамна го потврдија српските медиуми, кои објавија дека таму делуваат најмалку 150 различни секти, чија примарна цел им се децата, што е податок кој не засега и нас. За жал, во Македонија нема регистар на вакви организации и здруженија, но јавна тајна е дека тие се тука околу нас, вели директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.  -Сите сме сведоци дека постојат групи кои под превезот на религијата ги заведуваат луѓето и потоа ги злоупотребуваат на разни начини. Тие имаат и своја целна група. Најчесто се тоа од социјални семејства и ранливата категорија граѓани кои ги придобиваат најпрвин со материјални добра, но за возврат, освен послушност и учество во ритуалите, бараат јака мисионерска активност и нови членови. Се разбира, сите знаеме дека кај нив лесно се влегува, но многу тешко се излегува, појаснува Божиновска. 

Целата приказна прочитајте ја во Вечер

09.09.2014 - 23:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега