Црногорците вечерва ќе се забавуваат со „Парите се отепувачка“ на Трифуновски
Со претставата „Парите се отепувачка“ од Ристо Крле, во режија на Бојан Трифуновски, Македонскиот народен театар вечерва гостува на Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ во Подгорица, Црна Гора.
Претставата, што премиерно беше одиграна на 3 декември 2011 година, ќе се одигра со почеток во 19 часот на сцената на КИЦ.
Во главните улоги ќе настапат Драгана Костадиновска - Барбара/Мара, Славиша Кајевски – Јован/Анѓеле, Софиа Насевска Трифуновска - Хана/Ката, Гораст Цветковски – Митре/Владимир.
09.09.2014 - 12:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа