ВМРО-ДПМНE: Нека овој ден не обедини сите заедно во изградбата и напредокот на татковината
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита Денот на државноста 8 септември. Овој празник преставува остварување на една голема идеја, да се има своја држава.
Во овие години на независност Македонија се соочи со многу премрежја и предизвици, многу препреки и проблеми. Но граѓаните покажаа дека обединети, сложно и со заедничка волја може да се постигне многу повеќе, тие покажаа дека заедничката иднина и просперитетот е поважен од поделбите и несогласувањата.
Затоа, нека овој ден не обединува и потсетува на потребата заедно сите да се вложиме во процесот на изградбата и напредокот на нашата татковина, нека овој ден не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и нека овој ден вечно ги потхранува визијата и стремежот за подобра Македонија
Нека е честит и вековит 8 Септември! Нека е вековита Република Македонија!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа