Лоши вести - еве какво време не очекува деновиве

 

Во Македонија утре во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 9 до 17 степени Целзиусови, а максималните дневни температури од 21 до 31 степени. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла

Во среда во утринските часови повторно ќе има појава на магла. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне нестабилност со локални врнежи од дожд ќе има во северозападните, западните, југозападните како и во североисточните и источните предели. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринските  температури ќе се движат од 9 до 17, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23 односно до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 5. Во вечерните часови и во текот на ноќта со услови за појава на магла.

Претежно сончево со локална облачност и топло ќе биде времето во четврток. Попладне во северозападните, западните и југозападните предели ќе биде нестабилно со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 10 до 18, а максималните дневни температури ќе се движат од 23 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во петок во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, а попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Во југоисточните предели со услови во текот на целиот ден да биде претежно сончево со локална облачност без врнежи од дожд. Ќе дува јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат 11 до 19, а максималните дневни температури од 20 од 30 степени.

Нестабилното време со врнежи од дожд ќе продолжи и во деновите од викендот.

Во сабота и во недела времето во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 12 до 21, а максималните дневни температури ќе достигнат до 18 односно до 28 Целзиусови степени. 

08.09.2014 - 12:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега