Грците на забар во Гевгелија, стоматолошките услуги кај нас поевтини за 50 %
Од 20 до 30 Грци секојдневно ја посетуваат Гевгелија за поевтини стоматолошки услуги, кои се и за 50 отсто поевтини од услугите кои се нудат во Грција, објави грчката телевизија Мега, пренесува Канал 5.
Екипата на Мега заедно со пациенти од Кукуш, Козани и Солун ја посети Гевгелија од каде направи репортажа.
-Во Грција еден имплант чини 1.000 евра, а јас за 2 импланти ќе завршам работа со 700 евра, вели еден од пациентите.
Во Македонија чистењето заби е 20 евра, а во Грција 30-50 евра, пломбирањето е 10 евра кај нас, а во Грција 50 евра, умртвување на нерв во Македонија е до 50 евра, во Грција, 120 евра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа