Груевски: Американска инвестиција ќе вработи најмалку 300 дипломирани јазичари

 

Аме­ри­кан­ска гло­бал­на ком­па­ни­ја од се­кто­рот за ау­тсор­синг летово одлучи да инвестира во Македонија, со што ќе се отворат за почеток 300 работни места.

Од нив најмногу ќе бидат високообразувани лица со познавање на странски јазици, а не се исклучуваат и повратници што ра­бо­те­ле во странс­тво, а има­ат искус­тво со ја­зи­ци, посочува премиерот Никола Груевски за Република во делот на интервјуто посветен на странските директни инвестиции.

Груевски, како и до сега, почитувајќи ја деловната етика, не објавува имињата на компаниите пред тие самите да ја објават одлуката за инвестиција во јавноста.

- Но, мо­жам да ка­жам, или да ски­ци­рам око­лу оваа те­ма не­кол­ку по­да­то­ци, кои, од ед­на стра­на, не­ма да ја за­гро­зат биз­нис-ети­ка­та и де­лов­на­та до­вер­ба што ја има­ме со овие ком­па­нии, но, од дру­га стра­на, ќе зна­чат но­ви по­зи­тив­ни ве­сти за на­ши­те гра­ѓа­ни и за еко­но­ми­ја­та- додава Груевски за Република.

Меѓу низата компании кои одлучиле да инвестираат во Македонија, односно ја оце­ни­ле ка­ко нај­по­вол­на де­сти­на­ци­ја за нив­ни­от биз­нис и се оче­ку­ва да об­ја­ват и офи­ци­јал­но во јав­но­ста де­ка вле­гу­ва­ат во Ма­ке­до­ни­ја, е и една аме­ри­кан­ската гло­бал­на ком­па­ни­ја од се­кто­рот за ау­тсор­синг.

-Аме­ри­кан­ска гло­бал­на ком­па­ни­ја од се­кто­рот за ау­тсор­синг ре­ши ле­то­во да пра­ви екс­пан­зи­ја во Ма­ке­до­ни­ја. Фир­ма­та пла­ни­ра во кра­ток рок од две-три го­ди­ни да отво­ри но­ви 300 ра­бот­ни ме­ста, а во по­долг рок мо­же тоа да се зго­ле­ми до 1.000 но­ви ра­бот­ни ме­ста. Ком­па­ни­ја­та е гло­бал­на, со по­ве­ќе од ед­на ми­ли­јар­да аме­ри­кан­ски до­ла­ри го­ди­шен обрт и има ло­ка­ции на по­ве­ќе ме­ста низ све­тот и низ Евро­па. Во Ма­ке­до­ни­ја, екс­пан­зи­ја­та ќе би­де во ра­бот­ни ме­ста за под­др­шка на кли­ен­ти со за­ста­пу­ва­ње на за­пад­но­е­вроп­ски­те ја­зи­ци, ка­ко анг­ли­ски, гер­ман­ски, фран­цу­ски, ита­ли­јан­ски, па и не­кои од скан­ди­нав­ски­те ја­зи­ци. Ге­не­рал­но, цел е да се вра­бо­ту­ва­ат лу­ѓе со за­вр­шен фа­кул­тет, ка­ко и по­врат­ни­ци што ра­бо­те­ле во странс­тво, а има­ат искус­тво со ја­зи­ци. Исто та­ка, сѐ по­ве­ќе се обр­ну­ва вни­ма­ние не са­мо на поз­на­ва­ње­то на ја­зи­ци­те, ту­ку и на тех­но­ло­шки­те ве­шти­ни- додава Груевски за Република.

Во делот од интервјуто за „Република“ што се однесува на странските директни инвестиции, а кој утре ќе биде објавен на Република.мк, премиерот Груевски набројува повеќе компании кои што веќе донеле одлука да инвестираат во земјава, со што про­дол­жува по­зи­тив­ни­от бран инвестиции, но и но­ви вра­бо­ту­ва­ња и но­ви мож­но­сти

07.09.2014 - 10:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега