СЗО: Бројот на жртви од ебола достигна 1.900 лица
Епидемијата на ебола однесе 1.900 животи од вкупно 3.500 потврдени случаи на зараза, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Новите податоци покажуваат дека само за една недела бројот на смртни случаи е зголемен за околу 400 лица.
Вирусот на ебола е откриен за првпат во 1976 година. Директортката на СЗО Маргарет Чан изрази надеж дека епидемијата може да биде запрена за 6 до 9 месеци, благодарение на меѓународната реакција.
04.09.2014 - 09:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа