Тачи: ДПА е блиску до решение по инцидентот во Собранието
ДПА е блиску до конечен став околу делувањето во Собранието, по инцидентот што пред неколку дена се случи со ДУИ на седница Комисијата за финансирање и буџет, истакна претседателот на партијата Мендух Тачи.
- Многу сме блиску до тој конечен став, но мене ми треба дополнително консултации и внатре во структурата на партијата и со моите советници и со меѓународната заедница, изјави Тачи по денешното основачко собрание на подмладокот на струшкиот огранок на ДПА.
Тој најави дека состаноци ќе има со младите во сите ограноци.
- Почнуваме со младите, па ќе завршиме со поголемите. Фасцинирам сум од подготвеноста на луѓето да се ангажираат во нашата партија, рече Тачи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа