Тачи: ДПА не донесе одлука за напуштање на Собранието

 

Централното претседателство на ДПА вчера остана без дефинитивна одлука за напуштање на Парламентот, по тепачката во Собранието со пратениците на ДУИ на состанокот на собранискта Комисија за финасирање и буџет.

Ставот по вчерашната седница на највисокиот партиски орган во Тетово го соопшти лидерот Мендух Тачи.

- Иако сме многу блиску до одлуката да не се враќаме во Парламентот, ќе ни биде потребно дополнително време за најпрвин внатрепартиски консултации и консултации со меѓународниот фактор, по што ќе донесеме конечна одлука, рече Тачи.

 

Тој додаде дека целиот инцидент е во режија на Али Ахмети и ДУИ.

- Речникот и пцостите на пратениците на ДУИ немаат ништо заедничко со албанската традиција и култура. Кога некој нормален човек  така без повод ќе биде навредуван и пцуен, ќе реагира како што реагираа нашите пратеници, рече Тачи.

 

 

 

29.08.2014 - 10:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега