Рација на МВР во Желино - приведени 17 жени

 

Полициски службеници при извршена акциска контрола во угостителски објект на излез од Тетово затекнале вкупно 17 женски лица, од кои шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава, соопшти попладневе Министерството за внатрешни работи.

-Денеска во периодот од 00:30-03:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионален пат Тетово- село Желино на излез од Тетово, каде биле затекнати вкупно 17 женски лица од кои една наша државјанка, и десет странски државјанки со дозвола за привремен престој за странци. При контрола исто така биле затекнати и шест странски државјанки со нерегулиран престој во државава -  Б.В.(44) од Р.Украина, М.А.М(20) од Р.Романија, К.А.(20) од Р.Украина, А.Н.(33) од Р.Украина, К.Н.(30) од Р.Казахстан, М.Л.А.(28) од Р.Франција, и тие се приведени во полициска станица за понатамошна постапка, се наведова во соопштението на МВ

02.12.2024 - 08:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега