ВМРО-ДПМНЕ: Со ребалансот обезбедени дополнителни 17 милиони евра за Коридорот 10
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со ребалансот се обезбедени дополнителни 17 милиони евра за Коридорот 10 поради интензивирање на градбата.
- Истовремено во овој период од годината се реализираа и повеќе проекти за подобрување на инфраструктурата во образованието, здравството, комуналната инфраструктура, како и реконструкција на здравствени објекти, информира владејачката партија, реагирајќи со соопштение на обвинувањето на СДСМ дека со ребалансот се зголемува долгот на државата.
ВМРО-ДПМНЕ додава и дека Владата претходно ги зголеми пензиите и социјална помош за 5 проценти.
- Ние работиме и создаваме вредности, а СДСМ наместо да зборува напразно може да се зафати со работа. Нејзините пратеници чие место е во Собрание сега седат дома и земаат пари за ништо, за безделничење, така не се работи, стои во пишаната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа