Две малолетнички повредени во страотна сообраќајка во Куманово - еве ги деталите
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Куманово во која три лица се потешко повредени.
До несреќата дошло кога автомобил марка „БМВ“ со кумановски регистарски таблички управувано од 24-годишниор Б.М. движејќи се голема брзина удрил во автомобил управуван од И.Н кој чекал на семафор на булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.
Поради силината на ударот, автомобилот излетал од коловозот и удрил во две девојчиња 15-годишната Т.Ц и 14-годишната А.С, кои во тој момент поминувале на пешачкиот премин.
Од Одделот Хирургија при Општата болница информираат дека едното девојче имало сериозни повреди и е примено во бессознание и оти веднаш е префрлено во Скопје, додека второто девојче е со повреди, но е надвор од животна опасност. Поради понатамошно лекување и таа е префрлена во Скопје.