Конечно заладување: Еве какво време не чека на стартот од неделата
Понеделник ќе биде посвеж во однос на претходните денови. Сепак остануваме со претежно сончево време низ земјава. Повторно нешто повеќе облаци, во однос на другите региони, ќе има во крајните источни делови од земјава, каде постои минимална шанса за краткотраен и сосема слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во границите од 14°С до 20°С
Дневната темпетатура ќе пониска во однос на недела. Максимална температура околу 29°С се очекува во северната половина на земјата, околу 28°С во југозападниот регион. Најтопло ќе биде на југоисток до 32°С.
Вредноста на УВ индексот ќе биде 7.
Во скопската котлина се очекува претежно сончево време. Минималната температура ќе се спушти до 17°С, додека максималната вредност на температурата ќе достигне 29°С.
Во Охридско-Преспанскиот се очекува претежно сончево, но посвежо време. Максималната дневна температура ќе достигне до 27°С.
Дојран очекува сончево време и релативно топло време. Максималната температура ќе достигне вредност околу 31°С.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа