И село Дебреште посетено од високи преставници на ВМРО-ДПМНЕ

 

Во текот на вчерашниот ден, тим на ВМРО-ДПМНЕ составен од функционери во извршната и законодавната власт го посети с. Дебреште во општина Долнени.  

10565240 10202521347941130 9218418648704582317 n

Преставникот од највисокиот партски орган ИК, Ашим Зеќироски, пратениците Алим Билали и Исмајлоска Нола ги продолжија своите посети низ Република Македонија во средините кадешто преовладува муслиманско население.

10387485 10202521352381241 935592515054694945 n

Со зачестеноста на нивното присуство и најавени редовни посети се покажува дека ВМРО ДПМНЕ не само што не ги заборавила овие краишта, туку преку партиски функционери сака добро да се запознае со нивното секојдневие, проблеми, идеи...

 

Голем број на граѓани дојдоа на средбата во село Дебреште и истакнаа дека навистина им се допаѓа што и после избори ВМРО ДПМНЕ не заборава на нив. Со големо задоволство ги отпоздравија овие чекори на партијата и нивните заложби за подобрување на актуелните состојби. Беа поставени прашања, споделени повеќе идеи и размислувања.

 

24.08.2014 - 22:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега