Колку пари се собрани од полевањето со ладна вода?

Само за неколку кратки седмици глобалниот предизвик со ледената кофа собра над 50 милиони долари за асоцијација ALS. И тоа не покажува знаци на стагнација.

Од 29 јули кампањата собрала 53 милиони долари. На нејзините сметки примила повеќе од 10 милиони долари само од четвртокот наваму. За споредба – во истиот период минатата година здружението добило од донации едвај 2,2 милиони долари, наведува HuffPost.

Неговите поддржувачи, наречени Team FrateTrain, го организираа предизвикот во август на плоштадот Copley во Бостон, каде што се собраа 200 луѓе, а кампањата започна да се шири како шумски пожар.

24.08.2014 - 14:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега