Големи се шансите вашето дете да биде геј ако пушите во текот на бременоста

Според нови истражувања стилот на живеење на идните мајки влијае на  сексуалната определба на нивното неродено дете. Така според експертот за неврологија Дик Сваб, жените кои се под стрес за време на бременоста имаат поголеми шанси нивното дете да биде геј.

 „Бремените жени кои се изложени на стрес би можеле да родат дете кое ќе биде хомосексуалец поради нивото на хормонот за стрес – кортизол кој влијае на сексуалните хормони на детето“, тврди тој.

 Според др.Сваб сексуалноста на детето се одредува уште во стомакот на неговата мајка, а не како што многумина тврдат дека тоа е личен избор и начин на живеење.Неговото откритие покажува и дека идните мајки кои конзумираат алкохол или пушат за време на бременоста имаат големи шанси нивното дете да е хомосексуалец.

23.08.2014 - 15:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега