Со швајцарски пари ќе се регулира Струмичкиот речен слив
Рестарврирање на Струмичкиот речен слив. За рестарвирањето на сливот ќе даде финансиска поддршка швајцарската Влада, а ќе се имплементира преку Програмата за развој на ОН во Република Македонија. Овој проект треба да заврши за една година, а вредноста е 315.790 американски долари.
Договорот го потпиша денеска министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации во Република Македонија (УНДП), Луиза Винтон.
Целта на проектот е реставрација на социо–еколошките функции на речниот слив Струмица преку развивање план за управување со сливот и хармонизација на националното законодавство со ЕУ директивите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа