ВНИМАВАЈТЕ: Жолтицата демнее во Македонија

 

Во Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип хоспитализирани се 11 пациенти со симптоми на жолтица. Инфектологот Глорија Караѓозова изјавидека кај четворица пациенти веќе е докажано дека имаат хепатит од типот А.

- Хепатит А е сезонско заболување и покрај тоа што ние го очекуваме во есен или зима, но сега во август, токму во летниот период се појави. Моменталната состојба е 11 пациенти кои се хоспитализирани од кои што докажани значи со изолати хепатит А се четири пациенти, истакна Караѓозова.

Хоспитализираните пациенти се од Штип, сите се  на различна возраст, од кои најмалиот пациент има пет, а најстариот над 30 години.

Инфектолозите апелираат граѓаните да ја зголемат хигиената на овие летни горештини, но и да внимаваат на храната, овошјето и зеленчукот кои ги консумираат.

 

17.08.2014 - 10:21
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега