Кој е Пода, криминалецот кој полицијата вчера го уапси во скопски Грчец
Арслан Нуиши (50) или Арслан Пода е криминалниот бос кој вчера беше уапсен во полициската акција во селото Грчец. Нуиши алијас Пода повеќе од дваесетина години фигурира како еден од главните ликови со скопското подземје, водач на криминалната група од селото Грчец позната по трговија со дрога, кражби на лусксузни возила, лихварство и киднапирање, пишува Вечер.
Нуиши беше еден од осомничените за атентатот на претседателот Киро Глигоров во истрагата насочена против т.н. "братиславска врска" но подоцна беше ослободен од сите обвинувања. Тој беше осомничен и за учество во грабежот на "Прокредит Банка", во 2009 година, во центарот на Скопје, но полицијата никогаш не собра докази. Неколку дена по грабежот полициските "алфи" упаднаа во селото го лоцираа Нуиши во чајџилница и го уапсија. Во неговото возило беше најдено големо количество на оружје и муниција. Тој беше осуден на десетгодишна затворска казна заради грабнувањето на косовскиот бизнисмен Љуљзим Бегај па затоа е нејасно како и зошто тој се наоѓал на слобода до утрово. Нуиши има и меѓународна "кариера" и затоа е баран од Чешка и Словачка каде се сомничи за трговија со дрога. Еден од неговите прекари е и "Бос" и така најчесто му се обраќаат криминалците и челновите на неговата група. Според информациите на "Вечер" тој е уапсен во рамките на акцијата "Мрежа" насочена против трговијата и продажбата на дрога и се сомничи дека е организатор на пратка марихуана која беше запленета пред неколку месеци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа