Работен состанок на министерот Цветков со винарите и лозарите

 

Министерот за зeмјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков денеска ќе одржи работен состанок со винарите и лозарите.

Министерот Цветков минатата недела имаше одвоени средби со лозарите од здружението „Агротиквешија“ и со претставници на поголемите винарски визби во земјава. Заеднички беше заклучокот дека годинава родот ќе биде преполовен поради неповолните климатски услови.

Производителите очекуваат повисоки откупни цени од лани. Според нив, 13 денари за килограм смедеревка и 15 за вранец би била реална. Поголемиот дел од винариите, пак, се подготвени за откуп на грозјето, но сметаат дека се уште е рано да се зборува за откупните цени поради нестабилните временски услови кои до бербата можат да ја променат состојбата со количините и квалитетот. Ова ќе биде тешка година, оценија, и поради конкуренцијата од евтиното шпанско вино.

Според министерот Цветков, треба да се најдат оптимални решенија кои ќе им одговараат на двете страни, и на производителите и на преработувачите. Тој воедно порача дека Законот за винарство мора да се почитува. Визбите, доколку сакаат да се вклучат во откупот, не смеат да имаат долгови кон лозарите.  

 

14.08.2014 - 10:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега