Ракометар од Пелистер го истепа судијата - еве што се случуваше на дуелот Пелистер - Тинекс Пролет
Вчера, во текот на второто полувреме од ракометниот натпревар меѓу РК Пелистер-Битола и РК Тинекс Пролет- Скопје, еден од играчите од домашната екипа се збеснал и физички го нападнал судијата В.З. Ваквиот инцидент ставил крај на натпреварот, но, не и на проблемите. Само 20тина минути откако бил прекинат натпреварот, полицијата морала да интервенира, при што, поради недолично однесување, биле уапсени петмина навивачи од навивачката група „Чкембари“.