Починал на лице место - страотна сообраќајка го потресе регионот
Уште една страотна несреќа го потресе регионот. На магистралниот пат Ниш-Скопје, околу два часот по полноќ се случила страотна сообраќајка во која младо момче за жал го загубило животот.
Според податоците на српскиот Курир, 21-годишниот З.Ш. веднаш им подлегнал на повредите, додека пет лица се повредени и итно пренесени во болница. До несреќата дошло кога се судриле Фиат пунто и Форд Мондео со германски регистарски ознаки. Еден од тешко повредените бил итно опериран во болницата во Врање.
Исто така, едно од повредените момчиња е во животна опасност.
Полицијата ги утврдува причините за несреќата во која згасна млад живот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа