Од СМК побараа итен прекин на преговорите за името

 

Првиот човек на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров, на 24 Генерално собрание, побара итен прекин на преговорите со Грција за името. Со ваквиот потег ќе дојде до меѓусебно помирување на Македонците од целиот сверт.

„Лудилото околу Македонија за промена на името на државата и идентитетот, ќе заврши кога Владатана РМ ќе достави писмена нота до ОН и смета дека разговорите за името се исцрпени и ќе соопшти дека го продолжува членството во ОН под своето уставно име“, изјави Петров.

Покрај името на собранието се зборуваше и беа донесени цела листа на резолуции за клучни прашања, меѓу кои и за односите со соседите, националното обединување, правата на Македонците во светот. Посебно, СМК бара Скопје и Тирана да потпишат билатерален договор за основните права на Македонците во Албанија и на Албанците во Македонија на реципрочна основа.

 

 

10.08.2014 - 11:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега