Ангеле почивај во мир- Сека и посвети блог на трагично загинатата Тијана

Трагичната смрт на младата Тијана го потресе Балканот.

Јавните личности беа погодени од овој немил настан и речиси сите го дадоа своето сочуство до семејството на Тијана.

И пејачката Сека Алексиќ го посвети својот нов блог на убиеното 15-годишно девојче Тијана Јуриќ. 

 

- Кога ќе дозволиме масата да не понесе, ја губиме индивидуалноста, идентитетот. А што е човек без идентитет? Само еден облик на живот.

Родени сме како единки и така и треба да живееме. Степенот на тоа колку човекот станува свесен за индивидуалноста зависи од тоа колку излегол од племето.

Како човечки род тргнавме кон развој и напред во секоја смисла. Меѓутоа на некои уназадувањето очигледно повеќе им годи, па се враќаат кон племето. Надворешноста им е напредна и тоа им е доволно, а за внатрешноста воопшто не им е грижа напишала пејачката.

 

 

09.08.2014 - 12:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега