Двајца загинати и двајца тешко повредени во сообраќајна несреќа

На автопатот помеѓу Белград и Нови Сад, во близина на местото Ковиљ, се случила тешка сообраќајна несреќа во која погинаа двајца работници кои работеле во фирма ангажирана за одржување на патот.

Новосадската полициска управа соопшти дека погинале З.У.(57) и Д.М.(35) од Опова, а повредени се Д.П.(50) и З.В.(40) од Баранда, села во таа војводинска општина.

Возачот, кој се терети за тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај, е изведен на сослушување пред надлежниот јавен обвинител во Нови Сад.

09.08.2014 - 12:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега