„Чувајте ги своите деца, јас моето го изгубив“- таткото на Тијана скршен од болка

Игор Јуриќ, таткото на трагично загинатата Тијана, ќе го посвети целиот свој живот на тоа никој друг да не доживее таков ужас.

- Јас моето го изгубив и се надевам на најстрога казна за најзиниот убиец, па затоа сите вие соседи и пријатели чувајте ги своите деца, бидејќи, признавале ние или не, по нашите улици шетаат лудаци кои се подготвени за најлоши дела, кои мојата Тијана ги почувствува на своја кожа, изјавил низ солзи Игор, за Bajmok.co.

Таткото на малата Тијана додал дека одсега па натаму ќе се бори никој друг родител да не доживее такво нешто.

 -Мојот живот ќе биде мисија да се борам такво нешто да не преживее никој друг човек, бидејќи знам низ што се` поминав. Знам дека во таа мисија ќе имам поддршка и од мојот ангел, кој сите нас не гледа од горе. Нека не чува Бог, заклучил несреќниот татко.

09.08.2014 - 10:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега