Во Грција нема ебола

Архитектот, кој неодамна патувал во Нигерија, самиот се посомневал дека можеби заболел од ебола, но тестовите за болеста во една болница во Атина за среќа биле негативни, пишува Франс прес.

Изминатата недела на ебола бил тестиран и друг Грк што патувал во Нигерија, но и кај него била откриена маларија.

Грчките власти ги предупредиле вработените на аеродромите и на пристаништата да бидат претпазливи во однос на еболата, но грчката државна здравствена организација вели дека се мали шансите за појава на ебола во земјата.

 

 

09.08.2014 - 10:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега