Пациент со симптоми на ебола хоспитализиран во Грција

Грчки пациент кој се вратил од Нигерија со симптоми што наликуваат на оние на вирусот ебола, денеска во Атина беше подложен на медицински испитувања, соопшти грчкото Министерство за здравство.

Човекот самиот отишол во болницата, затоа што стравувал за своето здравје, соопшти министерството, без да даде повеќе детали за пациентот и за неговата состојба.

Уште еден сомнителен случај за ебола вчера бил испитуван, но на крајот се покажало дека станува збор за маларија, соопшти министерството.

Експертите во Атина оценуваат дека има низок ризок од пренесување на вирусот ебола во Грција, но и покрај тоа препорачуваат да се преземат засилени превантивни мерки.

По појавата на ебола во регионот Грците беа посоветувани да не патуваат во западна Африка, освен ако тоа не е апсолутно неопходно

08.08.2014 - 23:46
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега