Убиецот призна: Ја избришав со својата блуза, ја силував па ја задавив со дуксерот

Месарот Драган Џуриќ во полција го признал свирепото убиство на Тијана Јуриќ и детално го раскажал редоследот на настаните, пишува српски Курир.

Според информациите тој признал дека девојчето го удрил со автомобилот, по што ја внел во колата и ја однел во некоја нива, каде го изгасил моторот на автомобилот и светлата.

За време на возењето, Тијана се осветсила, откако пред да ја внесе во автомобилот, Драган, според неговото признание ја удрил со рака во главата. Тој во полиција рекл дека ја удрил помалку од десет пати и дека не може точно да се сети. Таа викала „Пушти ме, Полиција“

Убиецот и велел „Смири се. Се полека ќе решиме. Само да смислам како и каде да одиме“

Тогаш тој со двете ј извлекол од возилото. Со двете раце ја фатил под пазувите и на грб ја спуштил на земјата, пред фарот на автомобилот. Тогашзабележал дека едната страна на лицето и е потечена, но не се сеќава дали крварела.

„На светлото од месечината забележав дека устата и е отечена.  Ожеднев, па се напив вода и ги вклучив фаровите на автомобилот. И ги откопчав панталоните и и ги соблеков заедно со гаќите. Даваше отпор. Шутираше со нозете. Остана во чорапи и градник. Ја избришав со мојата мајца по гениталиите по што ја силував“ - рекол монструмот во полиција.

По тоа, ја задавил со дуксерот кој Тијана го носела околу вратот.

08.08.2014 - 22:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега