Додека полицајците повраќале убиецот седел мртов ладен - детали за убиството на Тијана

Дури и полицајците кои постојано се среќаваат со секаков вид грозоморни убиства, повраќале кога го виделе телото на 15-годишното ангелче кое брутално беше убиено па закопано. Дел од сведоците за Ало ја раскажуваат приказната која го потресе Балканот.

- Глетката беше ужасна...дел од полицајците во тој момент почнаа да повраќаат. За разлика од нив, убиецот седеше мртов ладен како ништо да не се случило, вели сведок.

Тој за Ало додава дека 34-годишниот месар кој брутално го прегази со автомобил, го малтретираше, уби и закопа 15-годишното девојче за кое трагаше цел Балкан, не покажал никаква емоција. Додека полицајците повраќале и плачеле за тинејџерката, тој стоел и гледал како ништо да не се случило.

- Беше закопана на длабочина од 30 сантиметри. Телото беше во згрчена положба како фетус во стомакот на мајката, вели сведокот. 

Оваа трагедија ја обои Србија во црно. Убиецот го призна делото. Девојчето за еден час ќе биде испратено во вечното живеалиште.

08.08.2014 - 15:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега