Еве како полицијата успеала да го фати убиецот на Тијана

Потрагата по Тијана е една од најобемните во историјата на српската полиција. Таа почна ноќта кога Тијана е видена последен пат, а голем проблем во брзото решавање на случајот направиле локалните жители, кои самите во потрага по девојчето ги уништиле доказите во Бајмок

- Доказите биле со лош квалитет бидејќи локалните жители ги мрдале и газеле. Во текот на истрагата повеќе од 100 луѓе се повикани на разговор во полиција и тогаш се појавиле првите индиции што укажуваат на осомничениот Драган Ѓ. Набргу на основа на базните станици на мобилната телефонија утврдивме дека критичната ноќ тој бил на местото на злосторството – објаснува соговорникот на српски „Курир“.
- Полицијата го држеше на око неколку дена, но неговото однесување не беше необично за нормален човек. Не даваше впечаток на личност која направила толку големо злосторство за кое врие цела земја, а збунувачки беше и тоа што нема никаква врска меѓу него и Тијана, односно бевме сигурни дека никогаш претходно не се сретнале – додава тој.

Истражувачите биле сигурни дека тој бил киднаперот, но не знаеле дали девојчето и понатаму е жртва.

 

- Поради тоа чекавме да се открие самиот и да нè однесе на местото на кое верувавме дека ја чува. Бидејќи од ден на ден живееше нормално, одлучивме веќе да не чекаме и да го уапсиме. Беше потполно смирен кога дојдовме по него на работното место во кланицата. Остана мирен дури и кога му стававме лисици – објаснува изворот за овој дневен весник.

08.08.2014 - 13:45
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега