"И ја затнав устата за да не вришти" - шокантна изјава на убиецот на Тијана

Драган Ѓуриќ, монструмот кој ја уби 15-годишната Тијана, ги кажа пред полицијата деталите на грозоморното убиство кое го згрози Балканот.

-Испив литар вињак и некоја ракија и тргнав кон вашарот. Мислев да одам таму на музика и тогаш ја сретнав Тамара. Не знаев ни како се вика. Ја закачив со колата и таа почна да вика за помош. Многу врискаше. Ја викаше полицијата. И ја затнав устата, ја удрив да замолчи и ја ставив во колата, вели тој.

Криминологот Златко Николиќ од Србија, за Ало вели дека  34-годишниот месар доколку не бил фатен од страна на полицијата ќе станел сериски убиец. Инаку, Драган ја удрил со кола, па ја претепал и закопал девојката.

Денеска таа ќе биде погребана во 17 часот.

08.08.2014 - 09:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа