Внимавајте: Ако имате од овие колбаси на Екстра Меин веднаш да ги вратите во продавница

Компанијата „Екстра Меин“ од Куманово ги информира граѓаните дека по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство повлекува од продажба неколку свои производи:

Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07632; Сецкан свински врат – вакуум – лот број 07633; Македонски колбас – вакуум – лот број 07329; 
Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07369 и  Роштиљ колбас – вакуум – лот број 07370.

- Доколку имате купено некој од горенаведените производи, ве молиме да го вратите во малопродажниот објект од каде што е купен, по што ќе бидат вратени средствата за купениот производ, информира „Екстра Меин“.

Компанијата попладнево негираше дека во нејзините месни производи има листерија и соопшти дека ќе бара суперанализа во реномирана светска институција и на изолат и на типизација. 

07.08.2014 - 21:42
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега