ВИДЕО: Грчки војници “сакаат да пијат крв од Македонци, Турци и Албанци”

На интеренет се појави ново шокантно видео со грчки војници кои пеат песни со навреди и омраза против Турците, Македонците и Албанците. На видеото објавено на „Јутјуб“ на 15 јули грчки војници во касарна во песната велат дека „сакаат да пијат крв од Турци, Скопјани и Албанци…“ и дека „Света Софија во Стамбол ќе биде грчка…“
Ширењето омраза против другите народи во грчките институции не е новост, но тоа што загрижува е односот на европските институции кои постојано го толерираат фашистичкиот однос на грчките власти. Во 2010 година на официјална парада, за време на прославата на Денот на независноста на Грција, пред грчкиот претседател и високи државни претставници на Грција, грчката армија скандираше дека ќе „направи облека од кожата на Скопјаните“. Иако овој настан остро го осудија од македонското МНР, а тогаш амбасадорот на ЕУ во Македонија, Ерван Фуере најави протестно писмо и надеж дека ваков чин се случува последен пат, но се остана на обична најава и без никаква реакција од грчак страна.

07.08.2014 - 20:22
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа